Почна да ми се преслекува кожата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И сонот се претвори во опсесија, па кога тој зад големиот стаклен излог го минуваше своето работно време, таа по трипати се преслекуваше и, како божем случајно, проаѓаше.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ако се преслечиш во чисто, за кого се преслекуваш, ќе рече.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Освен тоа, веќе го бев видел папокот на Ина (таа веќе и се преслекуваше пред мене, но јас таа блискост на луѓето во циркусот не можев тогаш да ја разберам, оти тоа Ина го правеше и пред други луѓе од нивниот свет); тој папок, за жал, немаше ништо заедничко со папокот на Луција; беше некако поплиток, без сила, зарамнет на цврстиот стомак; беше тоа, како да смениш чаша на половина пиење на еден ист пијалак; како да пиеш вино со чаша за ракија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)