Всушност, се работи за еден картонски додаток кој е така сечен и лепен што, кога магазинот е затворен, целата конструкција фино си лежи внатре, но кога магазинот ќе се отвори, конструкцијата се развива како некаква тридимензионална макета.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Меѓу корисниците на овој „штос“ беа и Transamerica Corporation, најголемата осигуретелна куќа во Америка (по нејзината триаголна кула се препознава целиот Сан Франциско) и компјутерската корпорација Honeywell. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Пред неколку години, една од фирмите што се занимаваат со микротехнологии се обиде да направи исклучително мал звучник, поврзан со микро-засилувач, за сето тоа да биде сместено во обичен оглас во класичен магазин.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Си замислувате, веројатно, некој огромен илегален свет од заговорници кои тајно се среќаваат по визби, испишуваат пораки по ѕидовите, се препознаваат меѓу себе со лозинки или со некое посебно движење на раката. Ништо од тоа не постои.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Меѓутоа, јас морав да продолжам: - И на знамињата на Октомврската револуција, на вашите партиски знамиња, во безброј пароли, плакати – лесно се препознаваат – библиски, евангелиски, курански и други повици од светите книги.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Со денови, со ноќи, откако извишија ѕидовите, Откако во правта околу нив, под нив Се препознаваше белиот малтер Измешан од сонце, од воздух, од дожд, Мајсторот дигаше, ги потпираше, ги врзуваше Греда по греда, штица по штица, Коваше брут до брут, клин до клин, Сѐ дури не се покажа костурот на покривот Сѐ дури не дојдоа сите да ја даруваат куќата, Сѐ дури не извиши таа повисоко од сите други куќи Од каде можеше убаво да се види месечината Како влегува низ отворениот прозорец И лази под постелата на заспаното детенце во старата куќарка.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тие се вирус за општеството. Вирусот се препознава под поимот клошари.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Гледам во нивните лица и како да се препознавам себе си.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Стојам пред себе. Се препознавам.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Се бараат луѓето и се препознаваат по слики, по лузни, по белези, по зборови...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бранот ми ја донесува очекуваната, сепак ненадејна слика – и додека се препознавам во неа, јас знам дека си играм, играм и уживам во слатката несовршеност на постоењето.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Некој ова може да го доживее како деградација на уметноста, но едноставно станува збор за тоа да се „озакони“ теориското промислување и на она што со уживање се консумира.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Со тоа што треба да се подвлече дека задоволството не лежи во традиционалното естетско уживање туку во алертноста на пријатноста да се препознаваат значења што таа пријатност можат да ја потврдат, но и да ја подријат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Вообичаениот симбол (како славејот, на пример, кој често се поврзува со меланхолијата), дури и ако се препознава само договорно, сепак не е знак (како семафорот) затоа што тој веројатно пак буди длабоки чувства и се смета дека поседува својства што се вон она достапно само за голото око.“ (Речник на книжевни термини) 72.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Не од понизност, од самољубие приложувам
една реминисцентна сцена
во која ќе се препознавам трајно
можеби не само јас:
од мојата уста-песна на мајчин јазик
излетува опсесивен копнеж
- некој речиси жив човек
а јас останувам устремена
на истото место
но божем се враќам
Но боже, ѝ се враќам!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Партијата на власт (меланж од Хард-рок тепачишта до тнр. „елитисти“), либерали-ротаријанци што не им пратиле ни пет кила леб на нивните сограѓани од Шутка, на пример, потенцијални нови центри на моќ збутани во екстремно жолти списанија, второкласни спортски клубови, море пиратирани филмови, телевизии ко видео-клубови - инертни и предвидливи, најнепрофесионалиот балкански државен весник „Н.Макетонија“ („Темница“ - популистичка глупарија, „Мртовечки здив во огледало“ - „независен“ лист со компактно најступидните колумни во историјата на новинарството) - тоа е духот на оваа средина?! Се препознавате?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не се гледаме убаво, а убаво се познаваме. По мршата, по здивот, по зборот се препознаваме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)