Во водата некој беше истурил масло, во кое се прекршуваа зраците создавајќи раскошна ѕуница. Ѕуницата доби кружна спектрална боја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но при повторното татнење на возовите над неа, таа опуштена и незацврсната, се прекршува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Страсната тага по оставената младост во карпите, ридиштата, доловите, осојнините, припеците, шумите и снеговите на Македонија, се прекршува во зарипнатите и гладни грла на падавичарите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Се прекршува во неа синото небо и сино ја обојува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ги гледам: им се прекршуваат сенките, и се прекршува светлината меѓу нив.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Иако денешниот кич налик на удвоена фотографија се прекршува над поранешниот, тие сепак се разликуваат. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 163
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Окото, каде што мирисите ја прима и ја испушта светлината, која се прекршува на средина, со цел да му се врати на окото-зборуваше старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)