Во шизофрената глава на граѓанинот на бивша Југославија се прекршуваат не само две стварности, онаа минатата и оваа сегашната, туку и два вида на кич: оној стариот, мртов веќе одамна, и овој новиот, кој никнува врз стариот, сметајќи на тоа дека реципиентот ја потиснал во заборав првата претставка.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Му се прекршија нозете во колената и полека како да клечеше за молитва, падна врз Костас.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И можеби затоа, кога пак погледна на Велика и Зоја, забележа дека поттреперуваат нивните бради, дека во очите им виреат и се вртат солзи, тогаш кај неа во градите нешто се прекрши, ја фати грч и ѝ се присака гласно, на сет глас да заплаче, да залелека, да заофка и коса да си корне.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ќе се прекрши ли вечерва коравото срце на Аргира?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Мојот став е дека невклученоста во академскиот свет допушта одредена слобода, вклучувајќи ја слободата да се прекршат некои правила - на пример, да се употребува терминот деконструкција на начин којшто можеби нема да биде во согласност со неговото точно Деридијанско значење, - и да се повикам на автори за кои не може воопштено да се смета дека ја застапуваат деконструктивистичката метода.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ти што се спротивставуваше на цела империја малодушно се прекрши.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Отпрвин овцата одбиваше, клоцаше, бодеше, не сакајќи да го прифати туѓото јагне, но кога Бојан на ист начин како и со овцата пред тоа, ја стисна меѓу нозете и ја присили да го надои јагнето, овцата како да се прекрши.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Додека се обидувам, осмиот месец од
оваа година, MCMLXXX
достоинствено да го започнам писмово до тебе
ја откопчувам душата како елек
и шаторот твој го распнувам сосема
меѓу вториот и дваесеттиот век
резот е доволно длабок и горешт
светлината да се прекрши и одбие
твојот профил да се обликува појасно
макар и ништо да не не објаснува:
ни империјата, ни мемоарите
ни градот што го подигнав во мислата променлива
- еден град повеќе во Елада, љубената
ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше
и Latio не, ни кованите пекунии
со ликот на Антиној, обожаваниот
Humanitas Felicitas Libertas
ниту твојата библиотека која се обновува
лека-полека по светот
ниту противниците, не ни жените не
ни смртта твоја и на твоите современици
и коњот не, и знакот на небото
и мачката со боја на пустина, мед и сонце
(според описот на Јурсенар)
ни патувањата, ни пророштвата
не, не, не, во право си кога се сомневаш
во смртта, кога му се предаваш
на Допирот-Убавината-Сласта
како на Смисла
зашто, поместувајќи ги границите
на крвта, плотта, идејата
животот пренесувајќи го
од една метафора на друга
го одложи толку многу
што остана и за нас!
________________________
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Посакав да се соземам
и сѐ уште посакувам
и сѐ уште страхувам од мигот кога станав свидетел
и повеќе од тоа, кога низ мене се прекрши
склопот на тројството, простата пирамида
: не, не е случајно, ни недејствено
ништо кое е совршено!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)