се (зам.) - прекрстува (гл.)

Парите, што тогаш ќе му ги дадеш на „газдата“, прво ги трие околу брадата, а потоа ги тресе во џепот, се прекрстува, и сѐ тоа во знакот на среќниот пазар за тој ден.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секогаш кога поминував покрај црквичето се прекрстував три пати како секој добар верник и му се заблагодарував на Бога.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сети се на тајните вечери што ги сликаш во Македонија, имаш уште 12 слики!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- И се прекрстува. -Без нив твојот живот е ништо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој не ја разликува храната и не ѝ го знае вкусот, вели и се прекрстува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка истрпнува, ги собира рацете и се прекрстува над татка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
БАЈАЧКАТА: Не може тука господ ништо. (Го пали мангалот. Зева врз водата. Се прекрстува. Плука во водата.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
КИРО: (Се прекрстува. Гледа во ковчегот на Султана. Тишина.) Бог да ја прости. (Пауза) Дојдов да ви помогнам да го ископаме гробот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Многумина од бегалците се прекрстуваат кога стигнуваат на банкината оти Господ е голем и милозлив нема да ги остави без некој динар без некои нарамник дрва или без некоја вреќа јаглен оти по цел ден можеше или да се растовара или да се товара или да се мери или да се прередува покрај колосекот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се прекрстувам со желба да им дошепнам: - Атињани, пополека, покроце, потивко... потивко, покроце...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Моите татковци од прастаро колено, така ме покрстија, и кога роденденски подарок ми носат, на тортата го ставаат истото име МАКЕДОНИЈА Не, јас не се прекрстувам...нека знаат тие што сакаат да го извалкаат нашето име.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се прекрстувам спроти сонцето и тргнуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние зборуваме, тој само ќе ја поразгори цигарата и пак удира со теслата, ги сложува лактиштата, ги лепи. ־ Добро, бре луѓе, вели Дуко по некое време, мора да се прекрштаваме?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пак ќе те викнеме, вели, Јас станувам, се прекрстувам и ги оставам зад мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)