Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Се прекрсти и ги стави јаболката и босилекот до рацете на сестра ми.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој се приближи до Христовото распетие, се прекрсти и го бакна. Потоа го отклучи куферот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Крстан се прекрсти и пристапи со десната нога внатре.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога се урна, кога стрешти, кога се дигнаа некои црни пепелишта нагоре, старичката само се прекрсти и си легна на земја: огнот барем земјата не ја гори, рече кутрата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Застаната пред затворената порта, со патерицата сѐ уште под левата мишка, ги потокми трите прста од десната рака и, носејќи ги кон челото, ја крена главата упатувајќи го погледот кон небото по што се прекрсти.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Оти само тој не верува во виденија и откровенија“, и се прекрсти, мислејќи на видението на Писмородецот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Филозофот стана, се прекрсти и ми рече: „Штом е така, утре заминуваме“. „Каде?“, прашав изненадено.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И сите други се прекрстија. Окото на Стефан Писмородецот стрелаше во мене, и гледаше будно дали ќе се прекрстам. Се прекрстив и јас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Филозофот ги зеде прстенот и книгата, се поклони, се прекрсти и излезе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И додека јас се молев за него, тој се прекрсти трипати, се помоли Богу пред вратата и потем ја отклучи клучалницата и влезе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
ПАНДЕ: И Анѓеле се прекрсти и јас за Анѓелета се прекрстив!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ќе удри потоп, рече Влаинката; се прекрсти а гледаше со страв во белузлавото облаче над улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се исправив пред големата икона на Богородица, запалив свеќа и откако трипати се прекрстив со вковани очи во нејзините очи и шепотам: - Богородице живите не си ги дочувала, барем сега чувај ги нивните души...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тогаш се прекрстив онака како што татко ми велеше, ко што ме советуваше, се прекрстив и изустив: „Господе Боже, ангелу што ми стоиш на десното рамо, чувару, Спасителу...спаси ме од рогатиот, од оној кој со Господа бил, а Господ аждер го престорил, наземи го испратил. Спаси ме, Боже, од сатанаил.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Добро си сторил што си се прекрстил. Крстот те спасил“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Добро е што си се сетил, та си се прекрстил, се огласи Ордан Арето, даровито човече, мудро и глаголиво.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Штом заврши со приказката, Караѓоз уште еднаш се прекрсти, ја подголтна плунката, си ги подзабриша очите, испушти длабока издишка, како печат за вистинитоста на приказната.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И, ко што е редот, се свртев кон изгрев, кон Св. Спас, ја кренав раката, се прекрстив и благословив: - Господе, дај им челад на младите, дај им здравје и арнина, дај им слога и топлина, во срцето добрина, место козина коприна, куќата со азно покриј ја, до крајвека, до амина.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Така Господ ги казнува злосните и пакосните, последен изусти Методи Паранџија и се прекрсти свртувајќи се кон исток, кон урнатините на црквата по Калето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Подадените раце ќе се прекрстат околу Прилеп-Битола.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Наутро пред поаѓање на училиште ќе си се прекрстев, ќе си го повикав Господ да биде со мене и лекциите за Народно ослободителната војна, за Тито, за Маркс и Ленин ги учев додека да речеш „бричка“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ако не му биле и потаму покриени очите со павлаката на ноќта што во далечина сѐ уште го влечела својот сив опаш, откако се прекрстил кон источната светлост Онисифор Проказник забележал дека Никола Влашки поцрнел, дошол некако испиен во лицето, со многу поостри брчки околу пропаднатите очи и отколку што можел да ги има по десет години.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Наеднаш гласот му станал памучен и топол, скоро приспивен во помирливоста, и тој можел со својот јазик со кој минал преку испукнатоста на горната усна да го собере сиот пелин и јад од човечките срца во едно чинослужење од кое водовриките стануваат златножитни рамнини.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа можело, значи, да биде причина да им се згрутчува крвта в мозок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сурото старче нешто рече. Видливо изненаден, Сандре Самарија се прекрсти, Арсо Арнаутче се наведна и зашара по земјата круг со врвот на показалецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега сите тројца под кривото дрво гледаа кон неа, во белината на вратот или во испупченоста на градите. И самата гледаше во трите составени глави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Однесете го сега во јама, се прекрстил Симон Наконтик: негде зад него, без некој да му помогне, Васко Тушев го спрегнувал добитокот во својата двоколка и во двоколките на мртвите Јане Крстин и Пецо Дановски и само со влажни очи, понекогаш, барал утеха или охрабрување од мартовската соголеност околу себе: ако бил поет ќе ги испеал најтажните стихови на својот народ.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доце Срменков го гледал како ја влече по себе двоколката со торби, кожи и черги и се здржувал да не се прекрсти: човекот со крвави крпи на челото и со белег на сувото лице ќе му личел и со епитрафил на безбожник.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога ќе заспијат навечер, таа ќе изброи по четири ноџиња во секој, а на крај своите две отечени и двете на најмалото во креветот во кујна, вкупно 16, и ќе воздивне од радост, па ќе се прекрсти и ќе му се заблагодари на Бога!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А тогаш, кога ја качиле бомбата на кола, Трајана ги набркала сите седуммина мажи, сина си Ѓорета намерно го испратила да оди двесте-триста чекори напред пред колата, божем за ако има камења да ги отстракнува и да ѝ кажува која има дупки, а сама, откако се прекрстила, ги повела воловите, и - нога за нога право прудолу.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се доизвикува и наврапито се завртува спрема гробот, се прекрстува и откако изговорува Бог да го прости зачекорува да си оди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако неговото благословено раче засее - и камењарот клас ќе исфрли, ако кон штркот, заштитникот куќен, се прекрсти - еве му внуче.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Што празник е утре, господе, вели. - Руса Среда, вели Велика, и таа подзапира за да се прекрсти.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Попот ги допеа молитвите, се сврте кон олтарот, се прекрсти и влезе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Подзина, се прекрсти во мислите. Господи, без глас шепотеше. Господи, претешко е подбивањето за моиве плешки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во една есен студениот ветар со сврдел го длабеше нејакиот плитар на нашата куќа. Трипати се прекрстив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се прекрсти. „Треба да викнам некого, треба да се пријавам“, шепна како да се оправдува пред несреќниот крадец. „Треба, кога веќе оваа смрр не сака да ми ги наполни очите со земја и да ме ослепи.“ Клечеше и не знаеше зошто не може да заплаче. * ...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ги виде една старичка од својот прозорец и се прекрсти - безработниците одеа да крадат бостан!
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Домарот Милија Митровиќ се зачуди кога ме виде без Бешир, а неговата сопруга Надица, со двете мали деца крај себе, скришум се прекрсти кога ме виде!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Господ нека ти е на помош„, пак сожаливо се прекрсти игуманијата и влезе во конакот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тодора се прекрсти кон исток и рече:
„Не сакав моите деца да имаат татко Турчин. Затоа, мил оче“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Калуѓерот збунето се прекрсти неколкупати, но изгледа, прва мисла му беше не да ја теши и тој разлипаната жена, туку да види што се случува со гавазот, кој би можел, чувајбоже, заинтересиран од вревата, да влезе во црквата со исукана сабја.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Секое живинче е господово“, се прекрсти ковачот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Игуманијата помисли, па рече:
„Господ нека ти е на помош.“ И се прекрсти.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Господ зулумот да им го прости!“ се прекрсти попот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Сполај ти, господе!“ - рече една забрадена жена со бовча и се прекрсти.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Господ и Богородица Мајчица ни дале сила невидена, небаре крилја ни дале - та со еден здив да ја минеме коријана - да ја искачиме планинава! - до трипати се прекрсти баба Петра. ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И така сторила. На први петли станала, од котлето си потурила од езерската вода, се измила, чиста шамија си врзала, пред икона се прекрстила и молитва си кажала.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Трајко седна на чело на трпезата, го прифати пагурчето од Велика, ја симна капата, се прекрсти и им се заблагодари на другарите и на господа што му го спасија грабнатото чедо.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Врзаните сакаа да се прекрстат, но бидејќи рацете им беа врзани одзади, само гласно сите рекоа: Ајде боже поможи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Си запали и тој свеќа на сите три светилника, се прекрсти по христијански обичај и излезе заедно со старците, та поддена разговор пред црквата, прашајќи ги отворено што мислат за опсадата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Доста го кладе над глава бардакот со вода, го праша Илка откаде изгрева сонцето, се прекрсти и легна на постелата крај стопанот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Опааа! — Пречекори Доста и се прекрсти, та влез во Сукаловата куќа да се стори вечер домаќинка на еден од браќата Сукалови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Пред првото чкрипнување Доста се прекрсти со една длабока воздивка и рече: „Ајде боже, поможи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ај, боже поможи! — Се прекрсти Стојо, се прекрстија Илко и Трајко.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Господи, кога сиот ваш пат до Костурницата ми прошета низ главата речиси ќе фркнев од болка, а потоа, онака малаксана и изморена и немав што друго да сторам па отидов до иконата и се прекрстив. Веројатно од благодарност.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Фимка, со вкован поглед во ликот на Богородица, се прекрсти и рече: - Мајко Божја, чувај ми ги чендата...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пред очите на сите, така барем на Мита и се пристори, Циљка се прекрсти трипати, велејќи: - Свјатиј Боже, свјатиј крепкиј, свјатиј бесмјертниј, помилуј нас... - Амин... - прошепоти Велика.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ами, домаќине, зошто не го спомнуваш брат ми, Бог да го прости и коските да му се миросат... - се прекрсти баба трипати и пак праша: - Зошто не го спомнуваш?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од сите страни стави камења. Клечејќи, се прекрсти.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Таа се прекрсти, запали свеќа. – Тука се врти нејзината душа... - рече покажувајќи на местото кадешто го најдоа мртвото тело.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Како брат ми Митре, да му се миросаат коските и Господ златен да им отсече и раце и глави на тие шо го заклаа... - се прекрсти баба и потоа ја дофати фурката и почна да преде.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Старицата набрзина се прекрсти и замина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Бабата се растревожи, ги забирша очите со крајот од шамијата, се сврте кон необичната слика со жена и децата под која гореше малото оганче, се прекрсти три пати и тивко изговори: - Блажена Девице Маријо, сполај ти, и тебе, и на Господа, за сите добрини што ни ги праќате на Земјава.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се прекрсти попот, се прекрстивме сите по него и потем тој промламушти нешто како молитва, во која одвај разбирав по некој збор.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Рече така и притоа се прекрсти, а после, како што беше редот, се прекрстивме и сите ние.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
На него секој ќе запалеше свеќа и ќе се прекрстеше, а потоа се поминуваше сред црквата кои другите два дрвени свеќници донесени од старата црква и поставени пред иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Паметам како цело село наспроти Света Петка штутевме да не удри клепалото за да се прекрстиме сите и утредента пак да одиме на утрена.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Господ за арно ја донел- рече Петре Даскалот и трипати се прекрсти превртувајќи ги очите кон таванот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Крст на крст нека дојдат- рече Петре и се прекрсти.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И затечените старички и старчиња кои чекаат на ред да се прекрстат пред Богородица, се крстат и шепотат молитви пред да се тргне Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И тогаш, наеднаш, ми дојде да се прекрстам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И да се прекрстам, и вака да си ја покријам главата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)