Можеме да се запрашаме каква улога во сите овие односи играат иронијата, мистификацијата, криењето, вештото манипулирање, деструктивната критика или чистото насладување во илјадагодишното здание на „ученоста“; истото можеме да го кажеме и за двосмисленоста на митската архетипска тема на хермафродитот, присутна во Дишановиот трансвестизам, за Мона Лиза со мустаќи итн.; можеме да се запрашаме дали би било добро да се преиспита извесното уживање во профаноста или, напротив, провоцирањето на публиката третирана како куп „лаици“? okno.mk | Margina #8-9 [1994] 197
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Таа овде одново се преиспитува, не само за да се апострофира неможноста од спознавање на историјата, односно нејзината фикционалност, туку и за да се анализираат психолошките аспекти на човековата индивидуација која без компонентите на минатото, тешко се заокружува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Современото толкување на митот не ги познава категориите зло и добро, тие и во овој роман на особен начин се преиспитуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога Ани Спринкл ги повикува гледачите низ спекулумот да го погледнат нејзиниот цервикс, тогаш тука станува збор за урушување на симболичкиот простор и за директна закана спрема културното разликување меѓу вистината и илузијата, стварноста и соништата, природното и неприродното, стварното и измисленото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Времето му дозволи да се преиспита и самиот себеси и да си побара одговори на некои загадочни прашања.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со соголувањето и дословноста на репрезентацијата на „женското“ се создава критички потенцијал со којшто се преиспитуваат симболичките конструкти како општествено и историски условени.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)