се (зам.) - превртува (гл.)

Денес јазикот се преговара и означува низ комплексни протоколи коишто управуваат со идеолошкиот однос спрема дигиталниот текст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ние го препознаваме Netscape, но го препознаваме ли и неговиот протокол за декодирање лиценциран од Јужноафричката Република? (Алтисер се превртува во гробот.)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога врчвата ќе се преполнеше, сама ќе се навалеше, па ќе се клапнеше, чукнувајќи по работ на каменот на малиот базен под неа, ќе се превртуваше удолу, за да се испразни од водата, според законот на физиката, па бидејќи беше празна повторно ќе се исправеше под чепот на бурето, за да се поднамести за повторното полење...и сѐ така во круг...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се превртуваше Бојан на леглото, сакаше да се одмори, сакаше да ги изгони непријатните мисли, зашто тие значат само неспокој, болка во душата, но не можеше да се одбрани од нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но оваа ноќ сон не го фаќаше колку и да се превртуваше барајќи ја положбата во која најпосле ќе заспие.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Понирала под земја и пиштела, се тресела и се превртувала, и пак не знаела што да прави со своите води.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога Ана минуваше по улицата, тој се превртуваше, стоеше на раце, вадеше од џеб живи гуштери, беше среќен што таа, ги забава чекорите и го гледа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И останатите луди се вознемируваат, некои му се придружуваат на старецот во урлањето кон толпата, други почнуваат да трчаат в место, трети се превртуваат по земјата, некој се смее испуштајќи звук како крескање на птица, некој се чеша од стапалата до главата и назад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку млади луѓе го шутираа расфрланото ѓубре. Еден пијан човек се превртуваше на плочникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Една старица седеше на прагот на една куќарка, и пееше песна за несреќна љубов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постојано се превртуваше и се будеше од некои кошмари на кои потоа не можеше да се сети.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И повторно блесок! Во водата како од сферно огледало се појавија чудни изопачени ликови. Ѝ се превртуваа во умот рефлектирајќи се во нејзините, како оаза, зелени очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ноќта ја помина во кошмар. Се превртуваше како да лежеше на грутки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го гледа зарчето како отскокнува од јадрата црвена рака, се превртува во воздухот и за миг ја остава трагата на својата белина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе падне ноќ, тој се превртува в постела.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И после почнува да се крши, да се истура, да се превртува цела меана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се уморени, и ако заспијат сонот им е плиток: на секое лавнување на кучињата се разбудуваат, се превртуваат и поткашлуваат. Сѐ се слуша во тие зимски ноќи. 32
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се клапчи, се превртува, колаче се прави.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само се превртувам, а сонот никако да ме најде, да ме подземе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цела ноќ се превртував и станав доцна, а око не склопив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во другиот џеб беше обетката со дијаманти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да се сетиме како децата со радост си играат со гласовно превртување на зборовите и како често работата на сонот се служи со превртување на неговиот претставувачки материјал. (Darstellungsmaterial) со најразлични цели. (Овде веќе не се превртуваат букви, туку слики во нивниот редослед.)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќерка му се превртува во својата постела и залипува, а човекот не знае - на сон ли плаче или таа е будна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тој никогаш не лежел со тебе цела ноќ на плажата во Камакура, никогаш не ги слушал твоите кошмари, никогаш не чул како целото твое детство се менува под тие ѕвезди, се менува и се превртува, додека твојата детска уста се отвара да открие некое ново минато, секогаш она за кое тврдеше дека е реално и сосем вистинито.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За време воените буни на јаничарите се превртувал казанот, а и баклавата имала коцелив горчлив вкус.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јазикот на храната станувал неумолив... Чудни обичаи во чудни времиња! коментира Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во Дримот се превртуваа и играа мали рипчиња.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ластовиците се превртуваа низ воздухот. Пчелите летаа по цвеќињата, џунџулињата, чацриките, тиквинките.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
О колку краток ден, мајко! Сончевиот круг се превртува како котелец на бесконечноста не од љубов, од обврска и без невера на жена за која ништо не е извесно ништо нејзино ни туѓо на еклиптиката на постоењето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Рацете ми треперат. Отворената уста ми се пени. Ноздрите ми се шират забрзано. Очите ми се превртуваат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сѐ се руши... и чинијата исто се превртува... тој се лизнува врз парчињата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Андреја се превртува. Си чеша нога со нога. Грчи.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Времиња со стари и нови граници! Дедо сигурно би се превртувал во гробот кога би знаел дека неговиот син една ноќ решил со семејството да ја мине границата преку езерото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го лекувале, прашоци во забот му дувале, на грб го легнувале и самите се превртувале.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
ЕВТО: Ти ќе дојдеш дома и ќе заспиеш како бајче. Јас се превртувам преку глава.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Додека се превртувавме по песокта, полициските возилата ни се приближуваа истурајќи повици по нивните радио станици и додека се мачевме со облеката тие се најдоа покрај нас.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Возилата се сопреа на работ на водата и цајканите бучно излегоа мавтајќи со огромни батерии чиишто светлосни снопови се прекршуваа врз темната вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Под налетот на таа светлина, далечното биење на молскавиците изгледаше бледо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Скокав, се тркалав, го бакнував дедо ми, се превртував преку глава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Камењата по кои се сопинаа се превртуваа тропајќи како ореви.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Горачинов веќе грчи на креветот, а јас се превртувам во постелата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тупа во мене, се превртува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после, кога се размислив што можеше да стане, цела ноќ да се превртувам и да си ја тепам главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни се превртува желудникот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите спијат, а јас само се превртувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Легнав вечерта да спијам, се превртував и бев толку вознемирена што никако не можев да заспијам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Боже, што ли се случува со младинава, сигурно Нарцис се превртува во гробот од нив. Сепак признавам, прекрасна девојка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)