се (зам.) - превиткува (гл.)

И додека канцерозните клетки на „медитациите“ бавно го убиваат пивтиестото месо на (не)стварноста, иднината е само низа на трошни црвоточни денови, а сегашноста полузадушено се превиткува во пајаковата мрежа на минатото, јас останувам да плутам внатре себеси низ правливите патеки на ништото, отсликувајќи ја бескрајната космичка празнина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ги видоа каде што си ја корнат утробата и ги успокојуваа: - Еве нам не ни е ништо... Еве, гледате... Тие се превиткуваа, напињаа, рикаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И не се излагаа: полковниците излегуваа на чардакот, се превиткуваа преку оградата и повраќаа на калдрмата во дворот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По дрвјата скокаат верверици и, заедно со гранките, се превиткуваат, се закрепуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го фрлам билтенот, ги удирам колената во мевот и се стегам така, се превиткувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, си рече сега Змејко. Се превиткуваше како ремен на тврдото легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Тоа Језекил продолжуваше. Змејко се превиткуваше во своето легло од некаква чудна болка заради Језекил.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ, што можеше да донесе во својата собичка, беше една китка брст, што ја накрши кога сети на своето срнче, и една лута болка во сите зглобови, во сите глуждови, од која што колениците се превиткуваа сами.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И додека размислуваше на тоа, додека се труеше од тие мисли, што го печеа по неговата внатрешност, Змејко можеше само да се превиткува како ремен, издолжен на тоа тврдо легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше да работи. Можеше да се напнува и да се превиткува, впрегнат, можеше да совладува и да биде среќен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Баждар се изгуби, нè остави во шепите на неизвесната судбина, а Пенчо се превиткуваше пред силната жена чиј спокоен и мек глас ме доведуваше до треска.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
МАРИЈА: Сѐ е џабе. (Пауза.) Сонував дека сум пресечена на две. И кај што е 'рбетот — голем црв. И тој пресечен и се превиткува.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ме легнаа и додека татко ми ја држеше главата на перницата, мајка ми се обидуваше со игла да го извади зрното. Ме болеше, пискав, се превиткував. Мајка ми не успеа.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
По некое време пак ќе се поврати. И ќе се превиткува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледаме: се примрежува, се превиткува и паѓа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И дојде неделата, црна и пуста, и јас почнав да се превиткувам. Од рани зори почна да ме ора, да ме кине, да ме корне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој ќе те удира, а ти ќе се превиткуваш, ќе потсинуваш, ќе се собираш копец во вратот и во срцето, ќе ја собираш устата, ќе ја собираш раката и, примижувајќи пак ќе ја подаваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се превиткуваше Илко но не се даваше: наутро кога ќе станеше, тропаше, кашлаше, да видат дека е жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
IX Илко како што старееше сѐ повеќе се подгрбавуваше, се превиткуваше, одеше со главата надолу.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)