Потоа од доверливо лице-тенеќеџија капакот на тенеќиите се затворал, како што тоа се правело со шарлаганот, и тие се праќале по железницата на определена адреса во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Оние мини сигнали кои по невидливите мозочни бранови луѓето секојдневно несвесно си ги упатуваат едни кон други, се послаби по интензитет од оние кои се праќаат со длабока концентрација на умот, медитацијата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
После овој немил настан – кој уредно е пријавен и од страна на самиот работодавач, таа веднаш се упатува во болница, каде ѝ е укажана прва медицинска помош, ѝ се отстрануваат остатоци од парчето емајл и се праќа на боледување – сѐ до ноември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Облеката што беше употреблива се праќаше на дезинфекција и дезитерација во соодветни комори. (....) Слично беа прифаќани и другите транспорти.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)