- Така е тоа, кога човек се занимава „со трговија“ - се пошегува Доне.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Бидејќи Господ се пошегувал со нас фрлајќи ни го Моцарт во вид на вулгарно суштество, кое не го носи ни знакот на милоста божја.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Значи сакате да ме носите до дома? - Рада се пошегува, иако знаеше на што мисли Долгиот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Да! Сега ти пречи, а кога спиеше, а повеќе кога не спиеше на тој кревет, не ти пречеше, - се пошегува Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Оп-а-а! Значи, куќна помошничка, - се пошегува Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Прикаски за деца, некој се пошегувал со вашата лејди Мери! – коментира А.А.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ми доаѓа да се пошегувам сурово.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Немаше ништо навредливо во тоа што се пошегува себе си дека подивеал.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
ПОКЛОН(ЕНИЕ) - Еден клон се поклонил пред Е.А.По. „И ти ли си ми поклоник?“, прашал По. „Не, јас сум покојник!“, се пошегувал клонираниот тип. „А, сега ме поколеба...“ рекол По.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Ама ние не пиеме вода. Што ќе правиме сега? - Ние не трпиме вода ни во чевли - почна да попушта домаќинот, готов и да се пошегува.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нејзиниот чај често и опива! - се обидов да се пошегувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Онаква каква навистина ќе беше мојата ќерка ако не ја подгониле во некој логор, меѓу жици и пци. Ми доаѓа да се пошегувам сурово.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Исклучиво не можеше да знае што чувствувам за неа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Влатко, како секогаш, испи најмногу оранжада“, се пошегува Дејко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ама кога се вцрвев, тој се пошегува: „Е, де, зошто се срамиш!?
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Ако, ако... ќе ми ти пораснат како на магарче! - се пошегува дедо Крстан.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Бошко почна да го полни своето луле и се обиде да се пошегува: - Го криеш ли уште тутунот?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)