се (зам.) - почувствува (гл.)

Тие, преку интервенции и прашања до својот синдикат, сѐ почесто се интересираа да добијат било какви информации за новонастанатите проблеми во работењето, особено во тој кризен [воен] период.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Марковски, како претседател на синдикатот, се почувствува повикан да реагира на новонастатата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трај во себе ја имаше наредбодавачката и форма на зборот молчи или тишина а во исто време значи рајска тишина, рај во кој тишината е првото потребно нешто, за да се почуствуваат сите благодети што тој ги носи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Има само миризби, помешани спомени, човечка топлина, глад од утробата, радости, црни ирационални стравови коишто, наспроти сѐ, прават да се почувствува вистинското страдање, како што може Шагал, отаде фантазмагоријата, да ја насетува големината на еврејската душа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знам дека ако успеам да го соблечам палтото ќе ми олесни, како од мајка роден ќе се почуствувам, но не можам да го соблечам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Реков, од Маказар до главниот град имаше близу триста километри, не премногу, но доволно да се почувствува осаменоста, но од друга страна, и да се има дистанцата за размисла околу сопствениот и заедничкиот живот и животот на другите, на светот околу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали поради сопствената малодушност или инфериорност, или пак некомпетентност, за прв пат се почувствува исфрлена од колосек.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дуќаните се со затворени ќепенци, тезгите на пазарот се покриени и затоа не се слуша и не може целосно да се почувствува зазбивтаниот пулс на ова морско пристаниште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Прошетките во овој град и во зимските дни можат да бидат пријатни и да допуштаат поодблизу да се почувствува градот на Рајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ е испомешано но и во овој коктел од трговци и стоки, во ова шаренило сѐ е толку привлечно што во оваа чаршија може да се остане со часови и, покрај шумот да не се почуствува здодевност, зашто, секој момент се открива нешто ново.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Толе се почувствува господар на ситуацијата и ја задржа тројката неколку дена на рожденско, па откако се намилува со Прочка, го префрли Перун и се најде во витолишките борови гори на Камчева Орница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку пријатно се почувствува кога сркна по него причесна од истото лажиче!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чекори внимателно доктор Сашко Кедев како кога се влегува од една во друга празнина откако ќе се почувствува моќта на возвишеното.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Дајреџијата се стрчна. Се почувствува лесен како повеј...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се почувствува побогат и посреќен од сите милионери заедно...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се почувствува изоставен, отфрлен, сам...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За еден ден поминат в планина, размислуваше Бојан, за една недела, за едно лето можеше толку многу да се доживее, толку многу да се почувствува, а камо ли, пак, за седумдесет и повеќе години.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој ден беше празник, а секој празник треба да се прослави, да се почувствува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На премиерата авторот се виде единствен дојденец, па се почувствува како крадец во туѓо лозје каде што останала само јагурида.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се почувствува како дел од универзалниот ритам што пулсираше во овој свет на бавчи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Може да биде облачно претпладне во јули: Вкус на пепел може да се чувствува во воздухот; може да се насети и мирисот на дрвото што се топи на огништето; да се почувствуваат натопени цвеќињата; да се прошета усаменички низ опустошени шеталишта...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А белината што ја гледаше беше сѐ побела и појасна, без прегради, провидна до отаде провидноста. Се почувствува среќен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Господин Гроздановски се почувствува истовремено и поласкан и глупаво од привилигијата и честа што му ја укажа кучето, па го прифати со двете раце како внуче и почна да го гали минувајќи му со дланката по главата, вратот и грбот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Веќе по втората страница, ја оставив книгата на наткасната, ја изгасив сијалицата, се завртев на десната страна и со левата рака долж слабините и левата под десниот образ, се почувствував удобно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А оние луѓе почнаа да копаат, и се почувствува силен мирис на кандила и темјан, и се покажаа светите мошти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира дека не се почувствував погоден од алузиите што беа и премногу нагласени. Па сепак, сочувствував со мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив дека сакаше да ми рече или поточно да ми појасни оти и таквите дребулии, какви што се пијавиците кои којзнае зошто решиле да не виреат во вакви води, како планинската, придонеле луѓето наеднаш да се почувствуваат среќни и да се однесуваат неконтролирано и палаво, како децата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше веројатно прв пат да почувствувам како јадот и лутината, се прелеваат и во мене и како со лутината се јавува и потребата да се искаже таа лутина, или барем да се стори нешто што ќе ја намали.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не разбирајќи ја иронијата во која се нашле, наместо да се почувствуваат како вишок на самите себе, најтрагично од сѐ е тоа што тие луѓе за себе мислат дека се победници, па продолжуваат да се хранат со фалби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но нејзиното присуство во училиштето се почувствува на друг начин.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се почувствував уште попразно. Штуро.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
91. Иако имаше силни манифестации на македонската национална свест уште од половината на минатиот век, сепак 1890 год. претставува значаен меѓник во македонскиот национален развиток, бидејќи тогаш најизразито се почувствува активноста на туѓите националистички пропаганди и настана нагло и моќно раслојување на поранешната единствена народна маса што предизвика и најсилни бранувања сред македонската интелигенција за отпор против туѓинците и за народно единство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гете воопшто не се почувствувал навреден, дури му рекол дека, иако никој друг не му изрекол таква забелешка, бил согласен со истата и ја сметал за оправдана.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Старецот потоа берел секакви тревки и ги варел, ја терал снаата да пие, и пак ништо не помогало, селаните сепак не виделе дека таа оди како да носи лубеница под ленената кошула и не ќе го виделе тоа ако и другиот тревар, Пандил Димулев, не се зафатил да ја лекува, секогаш по залез и без сведок, со денови и со месеци можеби, па во некое утро застанало момчето пред својот татко и, копајќи со врвот на опинокот пред себе, сцрвено и бушаво од сон, рекло дека може да се почувствува со рака и уште повеќе да се чуе со уво: русокосата женичка носи под градите живот, ќе биде или внук или внучка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мирисало на кланици; и навистина најпрвин по скомињава и горчлива реа се почувствувало, потоа можело и да се види дека остра дурија му ја копа утробата на несреќникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој извади од џеб зрна суво грозје и ми ги подаде на дланка но со таква бавност како да сум птица што може да му избега и да го остави бескрајно молчалив и осамен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крвавата маска на убиениот убиец не била видена ни во ноќна треска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се почувствувале како три урнатини на глув простор и во мртво време.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш, им се сторило, планинските долишта ја притаиле својата бучлива песна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш се почувствував рамен со него, не стар колку што беше тој, туку поинаку: сега Онисифор Проказник стануваше дете од моето коледарско детство, од некој Божик со мразулци на стреите и со укит на глоговите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој сето време како да знаеше дека кај него е нешто друго, но сега тоа можеше сосема јасно и да се почувствува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега ги гледаше како се оддалечуваат, нишајќи се во длабокиот снег и еден миг се почувствува виновен оти толку многу го очекуваше токму овој миг кога ќе им го види грбот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, среќата не го стори она, што можеше да го стори и тој во еден миг се почувствува наполно осамен, без неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И наеднаш се почувствува како тие двајца луѓе, тие две исплашени копилиња, да му искрале сѐ убаво што имаше во таа утрина и во таа собичка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да бидеш ти и да бидеш сам и да се најдеш пред себеси еден нов ти. И да се почувствуваш и самиот пред себе си нов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко скокна од својата постела уште во првиот миг штом се почувствува буден и по стара навика помина со обете дланки по рамената.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се почувствува како главен виновник разделбата меѓу мајката и двете рожби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За првпат, по многу време, се почувствува жена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За миг го виде своето лице во зелените води на Тиса. Се почувствува жива.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се почувствува како ѕверка заробена во стапица со вперени пушки спремни нејзината глава да ја закачат како трофеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се почувствува виновна, не можеше да си прости пред Бога што ја поттикнуваше оваа врска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Остави ме да си се почувствувам сам, да си се порадувам на себеси, на својата среќа дека ќе бидам таму.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дамче се почувствува и понижен и навреден. И веднаш во неговото срце шибна омраза спрема него, спрема сите од Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доколку Џорџ Орвел случајно го прочитал ќе се почуствувал инфериорен и ќе ја запалел 1984 уште необјавена, како Гогољ што му го удрил ќибритот на некои свои писанија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се почувствував изгубен. Пот ми го покри челото како венец од студена, влажна земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја однесе да ја гледаат Младата Чехинка, а таа се почувствува горда седната до него во првиот ред од театарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој ѝ кажуваше приказни за далечни земји.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се почувствува осамен. Не го прогонуваа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За прв пат во животот се почувствував како криминалец. А не бев.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Веќе и самиот буден, врескавиот глас се почувствува понижен од навредите на братот близнак, од неговата измислица.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Во еден друг настан не било така, - сонливо се побуни со растреперени зборови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во мигот се почувствува како победник со своите книги во Балкан-експресот; победа чија суштина и смисла само тој ја чувствуваше и ја разбираше...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој се почувствува повикан да реферира единствено пред Татко за донесените книги од Париз. Mission accomplie Paris, mon vieux! симболично објави Камилски на француски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Али Фети запали друга пура и му предложи на внукот да прошетаат во градината и до морскиот брег, Татко се почувствува среќен и задоволен што разговорот ќе продолжи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Треба да се почувствува во себе и да се чекори со неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Самиот факт дека при вака лоши услови за живеење македонскиот народ сѐ уште постоеше, со нокаутирачки замав на отежнувачка катарза, не оставаше простор за било што да се почувствува.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Бевме неколку девојчиња, измесивме баници но со лој.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не се јадеа ако не се жешки, но потоа ставивме и урда, па така се почувствувавме како да сме дома.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Необично беше тоа што, додека го пишуваше тоа, во главата му се разбистри едно сосем поинакво сеќавање, до таа мера што се почувствува речиси способен да го напише.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште по патот од станицата, мајското сонце го натера да се почувствува нечист и обледнет, како суштество од затворен простор, со лондонскиот чад во порите од кожата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ниротакис живееше сам, без семејство, но шефувањето со транзитната служба (Ема во стил на искусна полицајка шефувањето му го наметна како сериозна обврска) го трошеше неговото време без остаток, вклучувајќи го во таа активност и делот што тој го исполнуваше со својот машки порив совладувајќи ја на таков начин опасноста да се почувствува отфрлен и осамен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не е доцна да се почувствува Тој остар сек Како челуст на ѕвер И да се чита и натаму со страст Вечната Книга Во која долго и продолжително капе Заслепувачката светлина на сонцето.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се врати човек за триесет години назад и се почувствува момче од дваесет години, толку што му се свиде свирката од зетот Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се почувствува свој човек и порешително застана на своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но и тоа беше достаточно за да се почувствуваат тие родители Грци, оти преку Дима секој од нив добиваше по цела лира на месец што го пуштил своето дете да учи „вистинска наука".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се почувствував како последниот чувар на распоредот на Татковите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таква тага можела да се почувствува само во меандрите на егзилот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го виде, и самиот се почувствува како мртов.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
XXIII Јагулче Дримски се почувствува препороден, празничен. Веднаш презеде иницијатива.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За да му пријдеме на вирот на спокојството па дури и да се почувствуваме насрчени зарем не е доволна и самата помисла дека располагаме со природата на творештвото; и дека се наши чудесните мигови што ни ги нуди и овозможува создавањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби токму сознанието дека можеби и јас му припаѓам на сојот на невидливите се почувствував послободен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога престана брмчењето на моторите и во котлината се врати тишината, тој се загледа во ѕвезденото небо и се почувствува уште поосамен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се почувствува ниско и долно, и од тој момент реши да ја пресели старицата, па што и да е.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Татко ти никогаш не моча стоечки и немој пак него за сè да го обвинуваш! - повторно просаска тетка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не, јас многу би сакал да ги собујам чевлите, навистина, - излажав и направив движење како да почнувам да ги собувам, - но дали ќе може да добијам влечки? - така, си мислев, смрдеата можеби и нема да се почувствува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија учтиво се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не, не, тие не очекуваат никакво внимание, тоа само така ви се чини, бидејќи пред нивната убавина ќе се почуствуваш некако потфрлен, понижен.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Мими се почувствува и навредена, и засрамена, и виновна, па се мушна во скутот на мама Злата и залипа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во мракот и тишината се почувствува омалаксана и сосема осамена.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Светлина се растури во земјанката и по черек време се почувствува блажена топлина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се почувствував пријатно со мојата ситна дланка во неговата топла шака, дури некако потраа тој пријатен стисок.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тогаш изгреа и месечината па кога се најдоа во сенка како да се почуствуваа посигурни.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се почувствува малаксан. Германија веќе одмина изложена кон неговиот поглед со задниот, разнишан и победоносен дел на телото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Војниците се почувствуваа како останати без работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се почувствува стаписан кога разводникот пред да го остави на местото каде што го постави му нареди: „Пукај без предупредување!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот се почувствува подутешен. Овој сепак можеби мисли дека се работи за чудо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Самиот себеси се почувствува како натрапник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие стануваа симболично писмо испишано на нивните мермерни тела чија порака можеше само да се почувствува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот, од своја страна, се почувствува немоќен да ја опише убавината, заносноста и намамливоста на нејзините нозе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чана, иако широка во душата, а и онака, реално, иако од едно село со Пена и Танаско, се почувствува како подзаборавена.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ок, само ладно ѝ одговорив и ја замолив да ми се јави тој кога ќе се „освести“, т.е. кога ќе се почувствува способен. Знаев дека лаже.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Болка, најсилна што може да се почувствува, помешана со неизмерна љубов.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И Димче наеднаш се почувствува среќен, пресреќен, затоа што пак е обично, весело дете, како сите деца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да може сега да влезе во собата, па и нека се лути што без прашање седам тука, сеедно, и нека ми се дере, и нека ми се заканува, сѐ ќе издржам само да е овде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одеднаш се почуствував бескрајно осамена без него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)