Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се почнува со Први и Втори мај. Трети ќе го сврзевме. А еден од долупотпишаните не учеше ниту на четврти зашто неговото ОЗТ се викаше Гоце Делчев.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
И едно лето, ми се чини беше крајот на јули 1862, реков да се најде тајфа и да се почне копањето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)