За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Можев слободно да тргнам на село кај Миќо и да се починам неколку дена.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Што велиш, стрико Грујо, ќе треба ли да се починеме, а? - рече едниот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Поарно сега да се починеме и да мислиме за сламката што ќе ни застане на пат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
После ќе седнам на неговиот труп да се починам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Морам да се починам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нека ја, нека поспие, нека се почини.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Откога се починале и се понајале, си летнале пак и си дошле во тие земји кај што си имале седела, та секој си тргнал во својот вилает, а Силјан со Аџијата и друзи се упатиле за кај Прилеп.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Втасаа на една падинка. Далеку напред и назад поставија стража и седнаа да се починат.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Најдоа две суви буки. За едната го врзаа Дорча, а на другата седнаа да се починат.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Си мислиш некои патници се починуваат, го попасуваат добитокот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)