Се потпишувам дека јас ќе го гледам, ќе го растам, а мислам на тетка Славјанка, Катина Егова и Паскалина Ајта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Уште пред двеста години царот Иван Асен, кој се потпишуваше како цар на Бугарите и на Грците, прв им ја даде на моите претци грамотата насекаде низ царството да продаваат и купуваат слободно, и никој да не смее да им напакостува, било по патиштата, било на пазариштата. Токму како што вели законот за трговијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Откако конечно ќе се обезбедеше соодветниот соговорник, со него се потпишуваше писмен договор за соработка според кој тој имаше право слободно да одлучи дали податоците кои ни ги дава треба да се анонимни, или пак имаме дозвола да ги објавуваме во целост – сосе имињата и презимињата на учесниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На своите дванаесет години се потпишував со ЕМ, бидејќи никако не сакав да ја запомнам буквата Л, зашто таа на нешто многу лошо ме потсеќаше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)