се (зам.) - потпише (гл.)

На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За спомен ми подари грст стихови, на кои се потпиша.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш ќе дојде време да се потпише пакт за пријателство со преостанатата светска сила, како подготовка за нов напад.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откако се потпишаа сведоците следуваше мигот на изненадувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако ја проверивме паралелно водената евиденција, ја потпишавме двајцата. Прво се потпишав јас, а потоа Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“ Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да читаат – ќе ги научам, да се потпишат – ќе знаат, а и есап ќе научат. Ако сакате.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш јас се сетив дека, кога заминував во С, зедов едно ливче хартија на кое се потпиша Михајло, како претседател на Месната, и уште неколкумина, за случај да ми затреба, поточно да можам да речам, еве луѓето бараат да се изгради водовод, им треба, животот им зависи од тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Ќе си купам топ!“се фалеше Бебек, а сите од публиката беа готови да му се потпишат како жиранти, ако за купувањето требаше да подигне кредит.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Била подготвена и Декларација за македонската парламентарна група која требало да ја потпишат македонските пратеници во бугарското народно собрание, избрани на листата на ВМРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Манифестот бил потпишан од страна на членовите на ЦК ВМРО Александар Протогеров и Петар Чаулев кои, по овластувањето на Тодор Александров, се потпишале во негово име.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
11. Ми го донесоа записникот од истрагата. Да го прочитам и да се потпишам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се потпиша на испратницата и пак се втурна во собата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„На жената од над амбисот мислиш?” праша мајка ми додека седнуваше да се потпише во бележникот на поштарот за примените пари.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа наеднаш почна да се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ние, осакатените, кој со една нога, со една рака, со по две и три дебели лузни на телото од раните добиени во граѓанската одевме и кај едните и кај другите за да ни се потпишат под изјавата дека бевме учесници во НОБ и во ДАГ и тие со нивниот потпис одлучуваа ќе добиеме или нема да добиеме боречка пензија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа нешто зборуваа, a откако таа се потпиша, ѝ дадоа едно картонче со квадратчиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не можеле да се потпишат на писмото бидејќи заминале на пат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ангелеска de facto беше принудена, под присила, да се потпише дека ги примила тие средства, со ветување дека тие отпремнини нејзе и на останатите работници ќе им бидат исплатени подоцна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А ако во работната книшка2 не беше заведен овој неколкумесечен период како работен стаж, работничката нема да можеше да биде пријавена во тогашниот Завод за вработување (денешната АВРМ) и да ги ужива правата кои и следуваат по основ на привремена невработеност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)