„Не мораше да го прифатиш она што Родна го кажува, па дури и она што го мисли“, му реков, „но можеше барем да потпомогнеш да се посипат нечистотиите со пепел“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јаболката, крушите, кајсиите и сливите по градовите како да се посипани со бел снег, само бадемите се преполни со розов цвет.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Сенката на липата се посипа со ситни иверки во пустиот простор крушата ја однесе ветрот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се стемнуваше. Помеѓу сивите куќи на мојата улица лилавиот долг правоаголник на небото се посипа со предалечен светкав зоб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога од некое мртво дрво писнал був, од водата на мочуриштето излегле жаби со рокчиња и ги облазиле злодеите, па наутро, под сонце, имале што да видат: од носот до ножните прсти се посипале со красти.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Патувале со три натоварени маски и кога ги стемнило, легнале да преспијат на раб од мочуриште. Таму ги стасала клетвата на девојките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)