се (зам.) - посврши (гл.)

Што е право, отпрво не ме бендиса, ама после, кога почна да говори за Илија... (Селман-ага пее под прозорецот на Антица): Антице, мори бела кадано, Идеш ли ќа се посвршиш: Бела ханума ќа бидеш, На меко диван ќа седиш, Жолти флорини ќа нижеш, На твое бело грло ќа редиш?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога наврши Милица двајсет години, со одобрување добиено од татка ѝ Ѓорета од затвор, се посврши за некое момче од Прилеп, а само по еден месец по свршувачката, умре, одненадеж.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На закопот беа сите жители од Потковицата, и старо и младо, и машко и женско, и свршеникот и роднините негови дојдоа од Битола, и сите на глас ја редеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)