Добар начин на човек да му се посака добре дојде во неговиот скромен дом, си помисли.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И сега веќе можеше да си остане тука колку што ќе му се посака, и тој остануваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
-И што би можел да ѝ приговориш на мајка ти ако ѝ се посакало да се стори уште со некое живо суштество покрај себеси во својот сиромашен живот и притоа одлучила да не се врзува со никого при остворувањето на оваа намера.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Станував прекрасен... (стр. 158, 159, 170, 171) Од „ Минвил Колеџ“-от не можеше да се посака подобро како воздух, како поглед.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
- Баш бош. А ни се посака да вкусиме од преспанските нивички.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не можеш да влезеш каде ти се посакало.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Татко ти никогаш не умееше да го оддели она што е вистинито од она што можеби го сонил или пак само му се посакало да го види.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ја заклал жена си бидејќи ѝ се посакало и нејзе да биде една од коконите на Иван Степанович.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ѝ се посакало да биде курва, па нека биде: нејзина волја - нејзина судбина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Би можеле тие да нѐ ликвидираат кога ќе им се посака.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Можеш со нив, ако ти се посака, да го плашиш Методија или Ивана, да изигруваш пред Младичот дека си член на Централниот комитет или човек од самите врвови на организацијата, но не заборавај, ти се молам, дека сите тие фасони, кај мене, не врват.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)