Последните денови тие го гледаа некогашниот лав на земјата како се понижува со своите невозможни амбиции.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Целиот втор час е посветен на судењето и претпоставувам дека овој втор дел Вас посебно ве интересираше. •Хичкок: „Да, многу, бидејќи податоците за судирот беа изложени во првиот дел, што дозволуваше судењето да биде возбудливо од самиот почеток.”
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Работата е и во тоа што Пек се понижува заради љубовта кон една жена која е подготвена да го земе секој маж - па дури и собарот. Жената очигледно е нимфоманка.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Зборувајќи сешто, без многу да размислат некои од македонците, понекогаш како намерно да си создаваат сопки на самите себе си: се увредуваат како нација, се понижуваат пред другите, сѐ со цел да му угодат на гостинот или соседот, величејќи го него од почит или не знам од која причина?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ти благодарам што ми ги отвори очите: та нели и најмалите нешта не смеат да се понижуваат, нели животот е мозаик во кој без едно единствено камче нема целина плодоносна?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)