се (зам.) - помирува (гл.)

- Добро, добро... - се помирува мојот shrink - Продолжете.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И самото тоа што се помирував со неа како втора мајка ми изгледаше некакво предавство кон мојата покојна мајка...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А сепак, до доаѓањето на Агна, се гневам на нив, се спротиставувам, се бунтувам и се помирувам со нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„И тоа е за вас херојство?“ пак рече не верувајќи дека уште не крикнал и не замавнувал и се чудеше зошто наеднаш се помирува со во неврат изгубените сочни стебла и со мирисот на нивните стеблаци.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го враќаме својот долг кон сите, полека се помируваме, и исчезнува слухот и видот за светот околу нас, не постои ништо, ниту ноќта, ниту денот, пред овие предмети кои спокојството на собата го нарушуваат, тука јас признавам сѐ.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Властите сѐ повеќе се помируваа со вистината дека Чанга сигурно некаде исчезнал.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко се помируваше со судбината. Беше во прашање спасувањето на децата...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И сите можни балкански противречности, разликите од верски, од етнички и од друг карактер, кои кај други и наоколу можеа да предизвикаат раздор, судири, омраза, нетрпеливост, на нејзиното спокојно и мирно лице, особено во нејзината благородна душа, се помируваа, се смируваа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)