се (зам.) - поклони (гл.)

Тој кој стоеше на чело на масите што присуствуваа на мојата егзекуција пред конечно да згаснам, ми се поклони со насмевка и ми ја покажа својата дланка во која што му блесна златен долар – идеологот на нашата иднина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Трговецот се поздрави со мудурот, длабоко се поклони и се качи на пајтонот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
МАНОИЛ: (Тргнува кон неа) Дозволи ми да ти се поклонам!(Клекнува)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Пред вратата ги пречека гавазот Муарем и длабоко му се поклони на господарот, правејќи темане додека неговата десна рака ја достигна земјата, и со едно „сељам а лејќум — а лејќум сељам" се поздравија двајцата Османлии, едниот наведен до крајна понизност, а другиот исправен, горд и поносен на својата висока положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога го виде Толе овој џин за малку што не му се поклони.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И таа се поклони како Муарема, ја отвори вратата од убавата одаја и двајцата чорбаџии влегоа внатре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓузепе и другарите се поклонија длабоко на последната Челебијева насмевка, и кога тој се изгуби од балконот, тие тргнаа надолу до пред крчмата и си нарачаа по една ока црно тиквешко вино, за да не ги отпразнуваат своите балони.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така спремнати чекаа под конакот да се јави Челебијата, да му се поклонат и да добијат по една насмевка како секое утро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ПОКЛОН(ЕНИЕ) - Еден клон се поклонил пред Е.А.По. „И ти ли си ми поклоник?“, прашал По. „Не, јас сум покојник!“, се пошегувал клонираниот тип. „А, сега ме поколеба...“ рекол По.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Верниците го слушаа зачудено. Останаа без зборови. Верскиот поглавар му се поклони на Татко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сашка ги стегна градите: дискретно, здржано се поклони. По навика, по инерција, - механички.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гавазите поблизу ѝ пристапија. Како и секогаш, тие со почит ѝ се поклонија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со почит му се поклони на пашата и му го даде прстенот. Овој со поглед ѝ заблагодари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- За вас, маестро, сѐ може... Се поклони директорот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Чорбаџи Карче... - од време почнаа вака да го викаат и да му се поклонуваат и оџата и попот во градот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се поклони (и облакот со него се поклони, но тоа никој не го виде освен мене).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Публиката падна во транс; аплаудираа, викаа „Бравооооо!“, и дружината излезе и се поклони: Луција беше невестата, а домаќинот беше никој друг туку – Фискулутурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот ги зеде прстенот и книгата, се поклони, се прекрсти и излезе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Мир со тебе, пречесен“, рече Филозофот и се поклони пред логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот се прекрсти, се поклони пред логотетот и рече: „Го најдовме Папокот на светот, за кој се смета дека го крие истиот запис како оној во одајата што немаш сила да ја отвориш“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот се заврте кон Стефана Лествичник, кој одејќи по скалилата на властољубието и гордоста мислеше дека по скалилата на знаењето и Вистината се искачува, се поклони, се прекрсти, го поздрави со „Мир со тебе, оче Стефане“ и рече: „Утре ќе ви ја откријам, пред логотетот, тајната на значењето на секој глас одделно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Помислив да наберам и да сплетам венец. Се наведнав ниско, но не за да наберам цвеќе, туку да се поклонам пред сенките и правот на тие, кои тука распарчени останаа за навек...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Штом влезе во неа, штом се поклони на сите четири страни, Иван Иванович обично се сместува на крилосот и многу добро потпевнува со бас.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Колку богомолен човек е Иван Иванович! Секоја недела тој го облекува палтото и оди во црква.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ќе му се поклонам на Хаџи Ташку ако е потребно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зборувајќи така со мазен тон на човек кој насамарил некого, врагот мошне учтиво се поклони пред трговецот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А бидејќи се заколна во името на господа Исуса Христа, не можеше да го прекрши ветувањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако веќе ја зборуваме вистината, каков лукав и препреден беше тој, какво вретено беше другарот Анески, тогаш ќе треба да му симнеме капа, да му се поклониме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Не, ништо, велите, простете А таа ќе ви одговори: - Догледање, повелете пак! - притоа длабоко ќе се поклони, чудесно, маѓепсно, ќе ве дамлоса.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Девојките зацрвенети се поклонија, насмевнаа и пружија рака.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се поздравија, Петар се поклони, го подигна шеширот и повторно ѝ ја бакна раката.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога некој обичен човек му се обраќал на некој капиталист, тој морал да се превитка, да му се поклони, и да ја симне шапката и да му се обрати со „Сер“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Марин Крусиќ вревливо се поклони, задушувајќи се во последните зборови кои го насмевнаа бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Туку да го сретам, а? Нешто да го видам очи в очи и да му се поклонам, а? - си кроеше Петре, гледајќи се себеси, горделиво исправен пред затворениот султански шестопрег на поминување, ама и самиот напред, меѓу носачите на царските нишани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Првиот услов тука го исполнија. Се заколнаа дека го напуштаат Ристоса и му се поклонија на Мухамеда, менувајќи ги своите имиња од Јане на Јунус, од Рампо на Рифат; а за вториот услов Аџи Јане – Јунус бег, предложи да им се остави рок од месец, два, најмногу до Митровден, работата ќе биде свршена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Публиката заплеска, чаршафите пак се разгрнаа и пред масата се појавија нашите „артисти“ со „дедо прота“ на чело. Сите се поклонија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си рекол со умот Силјан да не им проговори, ами да им се поклони, чунки чу оти тие си проговориле по нивниот јазик.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И едно се приближил пред нив, им се поклонил со рацете на градите и ја наведил главата пред нив без да им рече добровечер.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Наеднаш една кукла ја симна шапката и ми се поклони.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Добраноќ, му рече тој некому климнувајќи му со главата. Се чини и се поклони.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој, поглаварот на Ескимите, му се поклони на Дедо Мраз сто и еден пат со зборовите: - Добре дојде, господару наш, најголем меѓу господарите земни, оној што носи благодат и среќа!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се поклонив пред неговиот гроб.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тука е запишан дел од татковото скривано време на другата страна од границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред Богородица прва се поклонува баба Перса гласно ломотејќи благодарности и молби, на крајот ја целува и на ред е секако малечката Пела која веднаш се наоѓа во рацете нејзини што ја надвиснуваат над Богородица која е поклопена со дебел џам и гласот од баба Перса вели Благослови ме мајко Богородице! и таа ги повторува истите зборови, па рацете на баба Перса ја спуштаат крај себе и сега пред мајката Богородица клекнува нејзината мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека јадевме во кујната, Мила рече: - Е, да знаеш, сон ми е да можам да вечерам кај тебе без да морам да барам дозвола од моите. Блазе си ти што тебе не ти забрануваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На крајот дури и аплаудирав, како на вистински концерт, а Мила стана и се поклони како пред вистинска публика. Потоа заедно вечеравме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)