Па дури до полето, дури и до шумата Ние само се поиставаме, ги затинаме устите и носовите, ги собираме очите и само кашламе, киваме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Доксим Тренчески се поистава од огнот и само прифрла дрва. Огнот ги усукува чадот и пламенот и папоти.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)