се (зам.) - познае (гл.)

Се огледа на малечкото огледалце и за големо чудо — не можеше да се познае дека е таа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мирче ми пиша дека го видел таму. Му се прикажал и се познале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Земјата ја изгазија така вешто што не можеше да се познае дека има здола скривница.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ме праша дали се познавам и натаму ми рече да говорам со него.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)