Петко се поднасмеа под мустаќ и му вели: — Море, побратиме, жеден коњ матна вода не гледа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тука дедот Ристе се поднасмевна и се опули лево и десно да види как помина оваа негова шега.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јани итро се поднасмевна и, чукајќи се со прстот по – чело, рече: - Еј, чукнете се по лејките... зарем заборавивте што ни велеше пред некој ден политичкиот комесар за тоа што им зборувал на политичките комесари другарот Захаријадис?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Релаксирани, жими мојов!“ се поднасмеа цинично и отпи голема голтка.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Може не ќе излезе на ништо“, се обиде да се поднасмее Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
БАБА АНЧА: И да видиш, и се поднасмеа лицето.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Па, што дека си Дедо Мраз – се поднасмеа лишавото лице на чпртавкото на кое ситните црни очички испиени од слепоочниците сосема ги снема – за мене името ништо не значи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Куклата се поднасмеа.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Федерико разбра дека се говори за него, му падна мило и се поднасмеа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)