- Колку? - Се пазаривме и ѝ симнав на 500 драхми! Другата жена се поднасмевна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кметот се поднасмевна и рече дека е тоа најскромното нешто што можеа да го направат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Каков процент?“, се вомјазив јас. „Процент“, се поднасмевна со наместена наивност, Пере. „Процент од продажбата“, рече. „За тебе, за в џеб“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таа се поднасмевна. „Кажи ми“, ја погледна тој и ја потстегна со прстот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Следната зима некој ја откри Ерика Јонг. Се поднасмевна кога се сети колку само жестоко се препираа за можноста на постоење на љубов без добар секс.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се поднасмевна, задоволен од она што го прочита – ракописот беше читлив, а зборовите јасно и верно ги пренесуваа неговите пораки, токму онакви какви што му беа во главата додека ги запишуваше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тие требаше само уште да се поднасмевнат и сѐ ќе беше во ред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Потоа како да се поднасмвна и повторно ја погали: - А можеби е и добро... - рече.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
- Ха, - се поднасмевна Илко пофаќајќи ја амајлијата, - да ме чува од зло...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)