Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока: — Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се подзамисли Ризван-бег ефенди:
„Демек, си решил, ќе градиш џамија, ами знаеш ли дека дерман ќе немаш од твоите за тоа?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
33. Ние, наместо да им се лутиме на руските претставници И.Д.Зиновјев, А. Ростковски и Машков поарно ќе направевме да се позамислиме за руската политика на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Потем се подзамисли. – слушај ти, - му рече на Пецета. – Ела ваму!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мнозина може ќе речат оти вистина добро е човек да се позамисли над прашањата засегнати во оваа книга, но сега уште не му е времето.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се подзамисли малку, гледајќи си во искинатите чевли, дека тие не би можеле да го издржат поројниот дожд кој веќе се појави, со едно сигурно ветување: благодат за сите што се под него.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Само со еден гаваз?“ праша измеќарот и се подзамисли. „Со еден, де“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Само, ви се мола на обајцата, да си го држите зборот. Бесата бес, шо велаат Арнаутите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)