Истото тоа се поддржа од признавањето на суверенитетот на Душана во Македонија и од улогата на нашите големци во неговата држава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На интернет страницата на Агенцијата за странски инвестиции, меѓу другото, пишува: „Со цел да се поддржат компаниите и да се зголеми нивната меѓународна компетитивност, Владата воведе законски реформи во функционирањето на пазарот на трудот кои овозможуваат полесно вработување и отпуштање на работната сила.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако новото течење од гледиштето на комитетите е нешто опасно и непожелно, тогаш тоа треба да се искорни уште при самиот зафаток; ако тоа само по себе нема почва, тогаш треба да се остави само од себе да исчезне; а ако е полезно за Македонија, тогаш ќе треба да се поддржи од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Бидејќи, за систематично да се поткрепува културата на контрадикции, за едно отворено свртување кон феноменот на масовната култура, за константно да се испитува привилегираната позиција на интелектуалецот, и за да се поддржат демократските промени, мора да се биде изрод, бастард.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Некакво искуство кое би ги поддржало ваквите стремежи во (македонската) политичка и културна традиција, не постои, што значи дека секој кој ги смета за свои во денешна (Македонија) мора да биде незаконско дете на сеприсутната национална традиција, значи бастард. okno.mk | Margina #32-33 [1996]
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)