се (зам.) - погрижи (гл.)

Објаснето им е дека тоа е поради нивна вина и заради ненаплатата на извршените услуги, па дури од страна на работниците е барано и самите тие, лично да се погрижат за наплатата на испорачаната топлинска енергија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Намалувањето на платите и неисплаќањето 229 на додатоците е извршено спротивно на склучените договори, а за тоа вработените никогаш не дадоа согласност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Јас не верувам дека ова е сосема точно, бидејќи семејството на Никола секако се погрижило да му најде пристојно место, ако ништо друго, кај нивните семејни гробишта што се наоѓаат десно од влезната порта на гробиштата, на она мало возвишение.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не ѝ дува северот“, — им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа се врати во колибата да се погрижи и за себе. Компирите веќе беа сварени.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мораше да стане, зашто требаше да се погрижи за добитокот, а случката со волкот беше само причина, беше сила што му помага да ја совлада својата физичка слабост и немоќта на неговата волја.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Подоцна ќе се погрижам и за вас - рече, влегувајќи во сопчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За постелата од трње други ќе се погрижат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А поддршката на мнозинството Турција ќе ја добие само ако се погрижи да воведе во Македонија вистински реформи, способни навистина да ги зачуваат националните и религиозните интереси на поданиците, нивните граѓански права и сносното економско постоење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му беше сеедно исто како што му беше сеедно кога рече дека може да дојде ваму сам, кога се согласи да дојде и да остане тука сам, исто онака како што му беше сеедно додека чекореше сиот поминат ден напред по неразгазената белина на снегот и кога не се погрижи ниеднаш дали оние двајца продолжуваат да идат по него и дали им е ним полесно да чекорат по разгазената трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од оваа страна ќе ја водам пешадијата, а од оној рид ќе го изненадам непријателот со коњаниици.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дворјаните околу царот се погрижиле детето што ќе се роди по секоја цена да биде машко, зашто царот ги застрашувал со смрт ако не му се роди наследник.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Веднаш царот ја прегнал својата кочија и кинисал по царството да го бара својот вистински син.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Очигледно, мене ми било пишано да се погрижам да не се прекине синџирот од црни овци и во мојата генерација. Некој мора, тоа сум јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се разбира, за кум го одбрале пред да му тргне колата прудолу, а јас, јас по нивна желба сум му кум на едно мало дете кое сега, откако ме сметаат за црна овца, со страв го држат што подалеку од мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дополнителна потврда за тоа беше можноста редимејдите да се репродуцираат, и нејзината функција беше чисто информативна, а се поврзуваше со претходно изнесената очигледност на материјалното обликување.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, што се однесува до репродуцирањето, Дишан од почетокот беше крајно внимателен (сигурно можноста да ги размножува му била доволна), и се погрижи сериите да бидат бројно ограничени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мора и за отпадокот некој да се погрижи. Значи, тие си плаќаат сметки во комуналното за правда.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Наредниот ден тој се погрижи да стигне порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ЉУБА: Како не! Напротив: јас сега ќе се погрижам за тортата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој беше над и тоа многу над целата таа мешаница од претплатници на Списанието...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Остави ме да се погрижам на мира!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Куртиал де Перер, да забележиме, се разликуваше апсолутно од останатите ситни пронаоѓачи...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Некое вчерашно утро, „вчерашно“ од пред месец или можеби од пред половина година, часовникот мртов-ладен си застанал, па така си стои без никој жив да се погрижи зошто не работи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ужасниот проблем со неточното мерење на времето нив воопшто не ги засега.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ова и слични дејствија, заедно со наративната структура која се измолкнува од сите конвенции на раскажување, се погрижија за тоа околу Burroughs одамна да се разидуваат мислењата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Градските татковци навистина се погрижија плоштадот и улиците кон него да бидат раскошно украсени и осветлени, а сред плоштадот - извишена елка светкаше во различни бои.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ако се погрижите околу Клаус, додатно ќе се договориме. Намирисајте што сака. Не ви е првпат.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во текот на денот или утре ќе го довршам писмово и ќе се погрижам што поскоро да ти го пратам...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За тоа се погрижи Никита Хрушчов во својот таен реферат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)