се (зам.) - побара (гл.)

Несвесно Соколе се побара по џебовите за очилата, да види подобро, но веднаш се сети со кого е и тргна напред.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И каде на друго место може да се побара и да се најде тоа, ако не во она топло мноштво на другите луѓе, ако не во соништата за нив?
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да не се гледа. Оти само по темница можеше да се побараш со жената. Така беше...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после, кога се побаравме, кога се дофативме: чекај, ми ја налегна ногата, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се побара во стаклата на очилата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Два најниски акорда на темната клавијатура на облаците се судрија Два погледа под искрите нивни се зачудија Четири бели раце низ темнината на дождот вознемирен се побараа Се доближија се најдоа со болката со смеата со занесеноста стара...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ако ова јадење еднаш се проба, ќе се побара нова порција.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)