се (зам.) - плиска (гл.)

Запиравме, влегувавме во морето и се плискавме во уште студените води, уживавме во попладневното сонце.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Летното сонце уште печеше така што плажите беа прекриени со капачи кои гласно и весело вреваа, прскаа и се плискаа во водата или се сончаа мрзоволно испоналегнати по песочниот брег.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така, бива-небива, се плискаа момчињата околу половина час во студениот вир, се измокрија и кога веќе не можеа да ја поднесат студената вода, кренаа раце и излегоа на ливадата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко престана да се плиска. Очите му се вжарија. - Одиме ли? - рече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Како сакаш! - немарно рече Бојан и продолжи да се плиска, да фрчи и да ги трие своите веќе зацрвенети гради: - Ќе ти покажам нешто, - рече откако се исплиска и почна да се брише со кошулата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
XX. Постоја крај тезгавот и крај оној челичен слив на запците од бичкијата, додека под него бесно се плискаше, пенејќи се, водениот порој, удрен во челичниот прстен на турбината, само толку, колку што имаше време да плукне во своите две големи дланки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секогаш во својот живот ги избегнувал колку што можел тие притаени чекања, а тука, кога не ќе можел да работи тој секогаш ја пуштал барем водата, барем таа да се плиска, да прска, да се разбива во бела пена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во прозорецот, како порој, над прескакувајќи се, му се плискаше една уште побогата и уште поодредена виделина, чие што млечно бело довикување беше многу посилно до она вчера, но тоа воопшто не успеа да го разведри.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Под високото млечно небо тогаш се зрачеше, зацарувајќи, со онаа заискрена топлина, што се плискаше од сите разискрени пори на небото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во соседниот двор некој гласно се плискаше со вода искажувајќи го своето задоволство со тромаво, длабоко - охо-хо-о!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пумпаше, се плискаше со водата и ја истриваше кожата, сѐ додека не му се стори дека мирисот на Ребека сосем го снема од него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога не ќе драбаше по калиштата на каналот, тепајки гуштери и жаби со нескриено задоволство, кога не ќе дебнеше полузаспани змии, кои, држејќи ги за опашка, или ги треснуваше од некое дрво, или ги вртеше врз својата глава и зашеметени, ги фрлаше далеку во меѓите, тогаш секако се плискаше во плиткото на реката, а богами, без никаков страв, загазуваше и во подлабоки места.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Молчиме. И Сашо престана да се плиска.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)