се (зам.) - плете (гл.)

Тешко му беше, нозете одвај го носеа. Пред очите му се плетеа мрежи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во саботата се плете невестата со гајтани, се реди со разни решмиња, монистра, ѕрнѕурки одзади по грбот, од тилот до пети, отспреди — од ушите до прстите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потпрен на лактот на перницата во креветот, онака според навиката што телото го стекнало со време, ме утешуваше и ме смируваше темното и затвореното, ме штитеше, чувствувајќи ги сенките и облиците што се плетеа околу мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Цела ноќ ветерот завиваше, дождот плискаше и сите тие шумови се плетеа во немирниот сон на момчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шепотеше молитва што само тој ја знае; поточно: ја измислил со зборовите на некој предок, Јаков Иконописец или Круме Арсов, или некој што живеел далеку од нив колку и тие од него: ...нас сите со млеко од иста измитарена биволица нѐ доеле, господи наш севишен, и од еден склопец нѐ демнела сиромаштијата лутица, семето да ѝ се сотре и од правот нејзин да жугне берокуќничка добрина, и исти пијавици ни се плетеле место учкур околу папокот, орли врз темето лузни ни пишувале и штркови балабани низ грчмак срцето ни го ваделе и го пресадувале на новороденчиња, пред иста земја челото на камен сме го допирале, сме биле, не било не, не ќе сме, вечнаја памјат ни ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се плете пајажината на векот Во проѕирната душа На вселената И ѕвер рика ноќва И плачам ноќва Цицајќи ѕвездено млеко Од боската на Мајка Јас сам Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Но тоа го изговорив не со револт, не како оптужба, го изговорив со еден тон на итрец, што само се правел на будала, се преправал дека не гледа како сакаат да го насамарат другите, ги остава да чинат што намислиле, а в душа надмошно им се потсмева, и еве со презир го погледнува предметот за кој се плетеле замки - новите чевли на нозете на Банета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)