Пелагија, во деновите кога не се работеше, а тоа беа само неделните денови, ги отфрлаше машките пљачки, се пикнуваше во своите фустани и со момичката во раце и Мурџо крај нив, шеташе во маалото од улицата Ѓоновиќ сѐ онаму до шепотот на Вардар со надеж дека ќе пронајде некое одајче каде ќе можат да се преселат.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Меѓу нас се пикнува едно момче со некое врзопче хартии под мишка и само нѐ гледа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги разбудувам децата и слегуваме долу, кај кравата, кај магарето. Се пикнуваме во едно ќоше, се криеме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вечерите ги поминуваме сами со нашите цимери, а ноќта, кога Марија заспива, Дејан низ темницата се мушнува во мојата соба, се пикнува под болничките чаршафи и водиме љубов на разнишаниот метален кревет.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се пикнувам в постела. Несобуен, нераслечен.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Најди си друго пенкало! Не ме интересира!
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)