се (зам.) - пензионира (гл.)

Чекајќи се умори и се пензионира малку пред време како лектор во дневниот весник Вечер (кој одамна веќе не е тоа што беше).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Работната кариера ја заврши во Македонската телевизија каде што беше уредник и се пензионира.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Според Уставниот суд неспорно е правото на жените да се пензионираат порано од мажите како принцип на афирмативна акција, но не и кога „станува збор за остварување на правото на работа кое се разликува од остварувањето на правото на старосна пензија“. 25 62 години за жени), а по нејзиниот прием работодавачот е должен да го продолжи договорот за вработување (чл. 5 од ЗИДЗРО/јул.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Основците копнеат да станат гимназијалци, гимназијалците студенти, студентите копнеат да најдат работа, вработените да се оженат, оженетите копнеат по стан и да им пораснат децата за мирно да се пензионираат, пензионерите копнеат за здравје, а сите копнеат да умрат, и мртви копнеат да се родат за пак да се условно живи, во нов расчекор со себе.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
- Тој служел во касарната во населбата Аеродром и се пензионирал како полковник и командант на касарната.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еднаш фрли кристален пепелник сакајќи да го удри спикерот поради еден погрешно изговорен збор.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред две години се пензионираше во Одделот за испитување на издувните гасови што ги испуштаат автомобилите на компанијата „Волво“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)