се (зам.) - памети (гл.)

Но дури и тоа беше настан што се памети во затворената осаменост во која човек мораше да живее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓу многуте „претставници“ на божјаците од прозата на Ренџов, се паметат ликовите на Сане Сандин од Човекот што го немаше во законот, Ефрем Ефремов од Сенка, Невена, Ристосија и Кијмет од истоимените раскази, Мише Сечко, гулабарот од Светиот дух и др., но меѓу сите нив по својата уметничка впечатливост особено се истакнуваат Сане Сандин, Невена и Кијмет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Книга заборавена Книга за смртта. Книга што ќе се памети.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Постоела во Скопје и Пајкова џамија. Тоа уште се памети.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој ден обично беше обележен со драгата жетварска песна, со преполни гради од надежи и со ручеци што се паметат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И не се памети, ме разбираш или не, куче да задавело волк.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дали сакаат сѐ да запаметат или не знаат како да се памети?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше средностав, згрчен во дваесетгодишно палто, бос, неизбричен, со тешко определиви години. беше човек што со нешто особено во исто време привлекуваше и одбиваше и долго се паметеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
ДИМИТРИЈА: А минатата година во осум сабајле? Како на скали да спиеше. Сѐ се памети.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Како да не претпоставувал што може да се случи или како да сакал да се случи нешто заради што ќе му се памети името.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Освен тоа, ако можело да се памети, секој од нив носел под арапската антерија скриено крвче од седеф.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако тежок на чекор, навидум дури и истоштен, Јаков Иконописец не можел да биде слаб во рацете додека со опнати коленици се подавал напред со вилата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ајде, Цезар... Кога животот на еден кловн ќе се заборави, неговата смрт, ако е необична, може долго да се памети.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да се памети. Да остане белег, да остане за паметење...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Поп Стерјо стави прст на усните. Разбравме дека за тоа не се зборува, туку само се молчи и со молкот треба да се памети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Не се памети Ране некогаш нешто од некого да украл - не без гордост рече Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Завчера сестра ми ја закопавме со мака. Гробарите ги фрлаа лопатите и зборуваа налутено дека ваков дожд никогаш не се паметело досега.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се врти кон неа: „Чудесна редба“, рече „долго ќе се памети...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во историјата на овие краишта не се паметеше поголемо разбирање меѓу луѓето и животните: никогаш луѓето од овој град не биле толку блиски меѓу себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не минало многу време од големата свадба каква што не се паметеше во градот крај Езерото многу одамна, кога со денови и со ноќи се пееле полифониските песни, се пиело и се играло, макар што земјата била во војна и во пустош, а и границите преку ноќ се менувале, започнал да се гаси животот на дедо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама кога се гине многу, кратко се памети. „Огнот во туѓа рака никогаш не жежи“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)