се (зам.) - пазари (гл.)

Ја плати ми ти мене венчавката и владичкото, та тамо да си свршиме работа, да ве провенчам, нека е аирлиа, да се напиеме, да си повечераме шо дал господ, а да не нѐ гледа векот како на пазар да се пазариме и да се плаќаме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За ова време нашите свадбари веќе беа при крајот со пазарот кај Пушмарка и едно дете од Јашмакот дојде да наѕирне и разбере докаде се дојдени оти од него пак треба да се пазарат чевлите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Црно ти лафење, отиде десет оки сирење — десет банки, цела франга и повеќе, ама Петруш ја изведе работата мајсторски; човекот се засрами пред луѓето и му го „ариза" сиренцето, а Петруш продолжи да се пазари со свадбарите:
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овде се или во некој ресторан, ахчилница, слаткарница - на сладолед и млеко, или во шкембекчилниците, или во некој магазин каде што се пазарат со продавачите, или пак - се вџашуват пред ветрините на златарските дуќани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Еве, и јас зедов исти панталони. Не се пазарев, а платив 400!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Колку? - Се пазаривме и ѝ симнав на 500 драхми! Другата жена се поднасмевна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се пазари со Јована?“ „Се пазарив“. „Да не му даваш пари предвреме“, рече Бамбо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Очи кафени, ситни, со спуштен капак, да не речам „опуштен“... може да се пазариме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нашинци, селани, Турци и Арбанаси, а најмногу Власи, па и по некој дубровчанец во таа нивна китнеста одора, туку влегуваа и излегуваа од опулот на Петре: големите зулуфи им стрчеа како сабји, долгите косишта им правеа цели кошари на главите, и тие намќоресто се пазареа гледајќи го него, не грнците и вината, така што можеше лесно да му се збоктиса - ама нели си имаше план Петре, сè беше готов да издржи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше свеќар. Занаетот го имаше наследено од татка си кој со турците знаеше добро да преговара, да се пазари и без проблеми од нивна страна да склучува добри зделки со христијанското население во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јемиш, зарзават, мешпајз... У оваа земја постојат чудни навики и големи разлики во начинот на кој се пазари, што се пазари и колку се пазари.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ама, кажи, му велам. Да не сакаш да се пазариме, ми вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)