се (зам.) - очисти (гл.)

„Мамо!“ – извика момчето. „Качи ми се на грбот. Ќе те одведам таму каде што е неизвалкано, каде што ќе можеме да се очистиме, да се помириме“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Анаѓија, претседателот на Народниот фронт на селото, го собра народот на акција да се очистат дворовите и сокаците, да се поправат мостињата и излоканите места на реката, да се закопаат пцовисаните животинчиња.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се очисти од правта, си ги истресе бечвите од пешачењето, со чувство за подготвување.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)