За секого везирот докладуваше: – Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дури кога ги чув неговите македонски зборови - се отцепи плачењето од мене.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Една група борци се отцепија од ЕЛАС и се придружија кон партизанските единици од Вардарска Македонија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)