Јас во моето детство бев изложен на поинаков вид опасности: можев да се исечам, да ме касне змија, да се набодам на трн, да се отрујам од некој див плод, да паднам од коњ, од дрво, да ме набоде вол и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Не, му летна на оној офицер што настојуваше да напише книга за прехранувањето на војската во кризни времиња. Се отру од тревите“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Еве, да ми го паметуваш зборов: ако ме дадете за него, на самата свадба, на самата веселба, дома му кај него, ќе се отрујам.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
— Немој, ќе се отруеш...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секоја куќа била должна да му дава по еден печен вол на ден за да јаде; кога дошол редот на Чулко Заумко, тој се послужил со итрина: го испекол волот и го премачкал со отров што го собрал од многу отровни змии; кога змејот го изел волот, се отрул.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Антидепресиви, иако некогаш им требаа, не користеа, а немаше чуено дека до сега некој се отрул од Бетадине или од руска вода.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Вчера за малку ќе умрев. Ќе се отруев од прскачот за тавтабити. Многу се исплашив.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Дајте ми една полна рака од тие апчиња без вода, да се отрујам. Да се трујам катадневно, до крајот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)