Широкото чело му се собираше па се отпушташе низ новите бразди на обликот на мислите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Првиот налет на кучињата им беше страшен, срцето им се креваше в грло, коските им се тресеа, но постепено се отпуштаа и се навикнуваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се отпушташе уморено на неговото силно рамо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Лицето му се стегаше во спазми. Мускулите околу уста се збираа и се отпуштаа со страшна брзина.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Нешто ме тера да зборувам, да се отпуштам. Им кажувам на децата за комитите што ме бркаат од дома.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но, оваа ситуација се промени со измените од 1998 и 2000 година: • измените од 1998 ја воведоа можноста работодавецот, „самиот“, и како негово „право“ (!?) – слично како во раниот капитализам, познат по бруталната експлоатација, да утврди кои работници ќе бидат отпуштени како технолошки вишок – кога се отпуштаа помалку од 20 работници, или најмногу до 20% од вкупниот број вработени (чл. 6, ЗИДЗРО/98).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)