Господе, па тоа не е тој, се отимаше кутрата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но тоа е сега неважно. Во мигот, над нас, и по целиот предел, паѓа огнот, парки жар. Маската се отима, сака да бега.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Овцата почна да клоца, да се отима, чувствувајќи дека ѝ се подметнува туѓо јагне, и избега на другиот крај од јаслите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На стариот Караман оваа детска палавштина не му се допадна, па почна да ‘ржи, да се отима, додека Стрела, која беше летошно кутре, ја прифати оваа детска лудорија како знак на највисоко внимание .
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Фронтот постојано се менува: напаѓаме и се повлекуваме, по неколку пати за едно исто дрво се отимаме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас претам, се отимам, а едно крајче од стравот пак ми бега кај Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа ги потпрело нозете и ми ја врти главата, се отима.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Седнаа на една клупа, сенките се нишаа по нив како да беа на гранка, од далечината се отимаше писок на задоцнет воз.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Некои, завали, се отимаат, се бранат, се драскаат и изненадено гледаат во луѓето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ ни се зема, сѐ ни се отима.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И јас сакам да играм надвор, вели и се отима, си ги кине аливцата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)