- Спремав испити, се отепав од учење. Не бев тука, цело време илегалчев во студентскиот дом.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Јас знам само едно: уште еднаш ќе го прашам. Ако рече пак не, ќе се отепам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТОМЧЕ: И него ќе го отепам! Сега ќе го отепам! (Појдува кон вратата.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Да се отепаш, па не можеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да скокнам преку пенџере, високо е, ќе се отепам; да седам нема кој да ме одбрани, ќе ми ја земе честа...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Таквите уште си мислат Дека е најважно што си каснал пред спиење Па откако ќе видат дека од кркање не се прават сонови Се отепуваат пиејќи апчиња за спиење и против запек Пред тоа одат и на фитнес и на тенис Ама од тоа не се крепи ни сон ни пенис
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Имаше секакви мислења: едни велеа да се реши никој да не му дава на Лумана ништо, па макар колел и бесел, други беа да се отепа, трети да му се стори тоа на Бошка Манев.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Немој мори, Велико, немој сестрице, ми вели, што е тоа што работиш, вели, зар и ти треба да се отепаш, вели, нека ти се живи другите, вели, имаш и други деца за гледање, вели, зар сакаш сираци да ги оставиш, вели. И плаче. Се засркнува од солзите. 62
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас ја задржав да не падне во гробот и да се отепа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но мајка му на Богуле нема нерви и срце да гледа што прави нејзиниот син, не може да го остави на ризик - да се отепа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)