се (зам.) - отвара (гл.)

Вратата се отвара со тресок, и сега во позадина јасно се слушаат звуците на блех оркестар, како полека се загрева.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
И кога се распламтеа сите запалени сосови, тој виде како се отвара вратата од кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со ритамот на тапанот се забрзува и ритамот на нивната игра, која сега е хистерична.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Тројцата играат околу Кртот. Се отвара вратата од клозетот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Се отвара надворешната врата. Во собата влегува Тасе Берберот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ги навлече папучите и се шмугна во клозетот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неколку минути подоцна силовито се отвара вратата на спалната соба и бупнува Фјодоровата глава; неишишана, неизбричена, црвена, со разгорачени очи и со уста спремна да каса. -Каде се моите пари!!!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како земјата да се отвараше, а небото огнено да се истураше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој никогаш не лежел со тебе цела ноќ на плажата во Камакура, никогаш не ги слушал твоите кошмари, никогаш не чул како целото твое детство се менува под тие ѕвезди, се менува и се превртува, додека твојата детска уста се отвара да открие некое ново минато, секогаш она за кое тврдеше дека е реално и сосем вистинито.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Времето пак тргна. Просторот почна да се отвара и да постои како кога во пролет се отвара цвет.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со приопштувањето на делата на Стојан Христов кон македонскиот литературен јазик и македонската литература се отвара значаен процес кој ќе ни ги врати значајните опуси на Анѓелко Крстиќ, Крстју Белев, Самуил Стрезов и уште други и други автори од македонско потекло и со силно појдовна македонска тема...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Грета ја подига раката и таксито застанува.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вратата се отвара и двајцата влегуваат внатре.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се отвара врата во длабочината. Излегува Јаков, гол до појас, приватно се однесува, со едната рака се одшминкува, во другата носи текст. Пауза. Полека се упатува кон просцениумот.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Мансардата оживуваше, се отвараше со магија на цвет да ги пушти во себе разнобојните шурки на светлината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа беше момент на широчина на духот, момент на искрено отварање на Еразмо кон Ирена: како цветовите кога се отвараат пред благиот отсјај на сончевиот нектар што се разлева низ дамарите; како школките кога се отвараат пред налетот на искрите на внатрешните бисери!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Се викаат ноќник, цветовите се отвараат ноќе и шират многу пријатна миризба.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А тоа не се отвара толку лесно. Зарем го немаш сфатено тоа?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кутрото теле сѐ уште не знаело дека проблемот не е во боите туку во вратата која се отвара но може и да се затвори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)