Ако овој долг се осознае, ако обединувањето на нашата интелигенција со бугарско, српско и грчко образование се постигне, ако се парализира работењето на пропагандите и се успее тие сосем да се отстранат од Македонија, ако се установат добри односи кон сите македонски народности и се подобри политичката и материјалната состојба на Македонците, тогаш, при сите дадени жртви, ќе можеме, покрај другото, да бидеме задоволни од едно: востанието ни ги отвори очите за грешниот пат по којшто одевме досега, по којшто ќе одевме и за напред, и без востанието сами ќе подготвевме почва за дележ; тоа ни ги отвори очите за многу наши нужди што и не ги претпоставувавме понапред.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Правото на сопственост ќе премине во творечка борба за време“, ќе рече Хлебников, укажувајќи ни дека никогаш немало и ќе нема доволно време, и настојувајќи да се открие општ поредок на времето и да се осознае она што беше кон она што ќе биде.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
За тие да се осознаат и преведат потребен е исто така “апсолутен” јазик.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дури си претпоставувам (а можеби само ми се причинува) дека средбата со таа личност ќе биде и моментот кога ќе се осознаам себеси и ќе се почувствувам пораснат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За да се осознаеме, како единка или како нација на светлата вистина, чии чеда сме ние, изродени во генот македонски, на кој многумина во светот му подзавидуваат.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Му реков дека мислам оти не сум упатениот кој ќе може да го поведе кон неговата цел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)