— Мори, дома ли сте домаќинки! — викна Цаца на малата врата и ја држи вратата за жапка, да се осигура од кучката, оти таа навистина не познаваше кума — побратима.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Сега, откако дедо Најдо со поттргнување на катинарот се увери дека добро заклучил, се осигури дека добро го држи бастунот и се сврте да тргне кон сретселото „Добро утро, дедо Најдо“, му рече авторот подвикнувајќи. „Или добар ден“, се коригира.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Отсекогаш бракот бил здружување на двајца за да се формира фамилија, да се осигура иднината и на децата (брачниот пар) и на фамилиите на тие деца, но и на потомството.“
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сакам да видам дали ми стои, да се осигурам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
За ништо да се осигурам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дали ме стана некое љубопитство да видам што родив, да се осигурам, што се вели, или некоја непозната жал ми ја сврте главата кон детето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
ИЛИЈА: Ние оваа вечер овде ќе ставиме венец за да се осигураме од секаква пречка која би могол вујко ти да ја измисли и направи.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Несреќниот Генерал веројатно сите нешта добро ги смислил и испланирал, се осигурал со убава поткрепа за во туѓина, само што не се обидел да му наѕирне во умот на својот ординарец.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дојди да те пофатам, вели, да се осигурам дека си ти...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)