се (зам.) - освежи (гл.)

Седнав да испијам едно кафе, да се освежам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не можев ниту да се туширам, да се освежам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Запарниот здив на југот ги беше избркал во длабоки сенки. Да се освежат и освестат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Е, токму таму, во меаната, татко ти успеал да го направи најглупавиот договор што еден умен човек смее да си го дозволи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Но ако не беше чешмата немаше да се освежиме, - вели Весна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И кога најпосле решил оти е подобро да се врати дома одошто да ака по Штабот кој можеби веќе и не постоел, свртил кон меаната под Овчеполска станица, да се освежи, како што рече, и ете, за белја, наишол на цела колона војници, загубени во полето, или едноставно заборавени од нивните старешини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Чешмата нека си тече - ѝ велам. - Се освеживте и сега да одиме.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)