Но, кога се осамив, она што ми остана во сеќавањето од средбата беше забелешката на еден од писателите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Многу години пред твоите волци да се осамат, значи нема ни белег од тоа време, ни книга, земјичкава наша намачена ја грееле две сонца -едното од исток, од зад старата градска кланица, другото од запад.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Знаеш, реков, не знаејќи како да го кажам тоа што сакав да го кажам, знаеш, реков, оној што сака да пишува гледа што гледа околу себе, го има предвид и она што некои други го рекле за истата работа, ама сепак мора да се осами и само во своите мисли да гледа.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Беше многу рано, иако стемнето, за да се затвори во колибата и да се осами уште повеќе отколку што беше, па ги задржа кучињата во тремот, фрлајќи им и по некое парче сирење, за што, кога би го видел дедо му, убаво би го искарал.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)