И покрај татковото дискретно предупредување, како довчерашни емигранти да се ориентираме кон професиите кои го заобиколуваат затворот, како што се медицинските или техничките науки, јас скршнав од ветениот пат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Движењето при станувањето му е споро, круто, оди збунето нерешително, но постепено се привикнува: поеластичен е, ги допира предметите за да се ориентира, да види каде е; застанува малку како да размислува што да прави, во која насока да оди; потоа тргнува со сигурни и точни движења како да е буден: ја отвора вратата од одајата и излегува; а ако е заклучена, ја отклучува; ако го нема клучот на вратата, оди кај прозорецот, го отвора, се фаќа за гранките од јаболкницата и по неа како мачка слегува во дворот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Нема сомнение дека тука нема да биде така лесно окупационите власти да се ориентираат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За полесно да се ориентира, прилозите ги подели во четири групи: прилози за време, прилози за место, прилози за количина и прилози за начин.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски ги издвои најкарактеристичните примери од секоја група за на крајот со Татко да одлучи за нивната судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Практикувањето на тој жанр како да е повеќе налик на напорот на болните погодени од Алцехајморовата болест, со помош на хартивчиња, налепници, белевчиња да се ориентираат во околниот свет пред (тие или светот?) да потонат во целосен заборав.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)