се (зам.) - онесвести (гл.)

Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сјајните и виолетови плодови на патлиџанот, пресечени на половина, издлабени во средината, со пријатно горчливиот вкус, беа како голем букет составен од разнобојниот испечен зарзават во кујната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имамот, убаво се најал, ја пофалил сопругата за јадењето со многу состојки, но кога забележал дека во подрумот нема храна, се онесвестил. Сите весело се насмеаја, вкусувајќи ја варијантата на Мајкиниот имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да внимаваме и ние да не се прејадеме? рече во шега Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сите овие приказни завршуваат речиси на ист начин: имамот се онесвестил од вкусот на јадењето подготвено од неговата сопруга, според други од различните состојки во јадењето, а според трети имамот се прејал од превкусното јадење и се онесвестил...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Застана пред нив. - Јели бре, - им рече полека и како да ќе се онесвести од вчудоневиденост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го ритнав, ама тој пред јас да успеам да го ритнам, ме гризна со своите остри заби па од лутата болка тука на место се онесвестив, ме снема од настанот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таму, во Гери, во неговиот салон, жена ми се онесвести (и се спои горниот со долниот притисок по уморот од лутањето по големите градови) и тој искрено ме пожали и ми вети оти нема никому да каже.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како што ова го чув, така мене почна да ми скипнува крвта и да ми се чини оти ќе се онесвестам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На почетокот тоа ништо не ми значеше, дури, во извесна смисла го сфаќав и како еден вид понижување, како одмазда која ми ја смислил Јан Лудвик; но по извесно време почнав да тонам во некакви непознати длабочини; мислев дека ќе се онесвестам, оти пред мене почна да се јавува некаква непозната светлина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веќе следниот миг се слушна како вагоните во тунелот сопираат, како експресот ја губи силата, како не може да го прониже тунелот, како папсува; а само миг потоа, од тунелот истрчуваше машиновозачот, млад човек со брада, ќелав, влакнест во рацете, избезумен, и нешто викаше; излегуваа од вагоните и многу луѓе, цел град, цел еден свет; се собираа под покривот на мостот, под мрежата со згаснат напон и гледаа во јагленосаното тело што лежеше на мрежата; некој се онесвести, а некој друг повика: „Каде е жената?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пак се онесвести човекот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали од своите зборови се онесвести или од крвта што му ги поплавила панталоните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Спирооо... и се онесвести! Му падна во прегратка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Поп Јакова силно го удри еден со кундакот од пушката по тилот и тој се струполи; се онесвести и така го врзаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На изгорениците им ставила нерастворена есенција и сестра ми се онесвестила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога го фатиле дедо ти, го тепале, го тепале и тој се онесвестил.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Кај сме, браќа, кај одиме, ќе праша некое војниче од колите и пак ќе се онесвести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)