Јас почнав дури и да се олабавувам, ама пак ми се стегна душата зашто тој наскоро премина на „многуте“ проблеми што ги имал со Информбирото, со секретарот на Градскиот комитет, дека се чувствува како од сите страни сардисан зашто лесно им било на другите да дискутираат кога тој е машата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зборувајќи, таа правеше грациозни кружни движења со белите раце пред себе, при што се спојуваа точките што требаше да ја означат земјата, небото и нејзиното срце, и јас сетив како ми се олабавуваат мускулите и ме обзема некое чувство на целосно спокојство и убавина, наспроти тоа што се говореше за некаков гроб.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ѝ олесна. Испушти здив, се олабавува, зачекорува до боровото стебло, навалува глава и здржано дишење наслушкува. Ништо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се олабавува детето, му спласнува болката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)